Утре времето ќе биде претежно сончево, во среда облачноста ќе се зголеми, а дневната температура ќе биде во благ пораст, а ова се моменталните температури низ Македонија.

Објавил: Весна Петровска | 4 ноември, 2019 17:25

УХМР со вонредна информација за времето – подгответе се!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Времето денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд.

Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат, а облачноста ќе се намалува.

Утре времето ќе биде претежно сончево, во среда облачноста ќе се зголеми, а дневната температура ќе биде во благ пораст, а ова се моменталните температури низ Македонија.

Под влијание на циклон до крајот на денов врнежи од дожд ќе имаме речиси насекаде низ државава, а локално не се исклучува можноста и за појава на нестабилност. Најинтензивни врнежи ќе бидатво западната половина каде локално ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог, информира метеорологот Славчо Попоски.

Ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец кој локално ќе достигнува брзина од над 80 км/час. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.

Под влијание на понатамошно јужно и југозападно воздушно струење од утре повторно ќе има позначителен пораст на температурите на воздухот и истите ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, облачноста ќе се намали а врнежите ќе престанат.

Повторно повеќе облаци ќе имаме во среда кога на крајниот запад има услови за слаб локален дожд а нов бран на врнежи се очекува во четврток особено попладне и навечер како и во петок.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...