Девојчето се здобило полесни повреди

Објавил: Данаил Михајловски | 2 октомври, 2018 17:20

Ученици фрлиле соученичка низ прозорец од училиште во Аеродром

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Четворица ученици од основно училиште во Аеродром фрлиле низ прозорец соученичка, информираше МВР. Инцидентот се случил во петокот во училиштето.

Случајот во ПС Аеродром денеска го пријавил Е.Ц.(50), според кого инцидентот се случил во периодот од 10.30 до 11.00 часот во училиште во населбата за време на малиот одмор. Четворица малолетници-ученици фатиле за нозе и раце нивна 14-годишна соученичка, го отвориле прозорецот од училницата на приземјето и ја фрлиле.

Девојчето добило полесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести