Вчера и министерот за економија Крешник Бектеши обелодени дека е позитивен на КОВИД-19.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јули, 2020 17:08

Уште еден министер денес е позитивен на КОВИД – 19

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за образование и наука Арбер Адеми е позитивен на КОВИД -19. Тој на својот Фејсбук профил објави дека по неколкуте благи симптоми што ги имал и сомневањата дека можеби е заразен, направил тест, кој покажал дека е позитивен.

– Апелирам до сите вас да ги почитувате максимално протоколите заради вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Ви посакувам се најдобро вам и на вашите семејства, напиша Адеми на Фејсбук.
Досега во земјата се направени вкупно 91015 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9669, бројката на оздравени пациенти е 5145, на починати е 445, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4079.

Вчера и министерот за економија Крешник Бектеши обелодени дека е позитивен на КОВИД-19.

„Драги пријатели, Сакам да ве известам дека и покрај максималните напори за почитување на протоколите и мерките за заштита од коронавирусот, добив информација дека сум позитивен на КОВИД-19 тестот направен утрово.

За среќа, немам никакви симптоми и се чувствувам добро, а членовите на моето семејството по денешното тестирање се негативни на тестот за КОВИД-19.

Ве повикувам сите да се придржувате кон протоколите и мерките за заштита, ви посакувам се најдобро на вас и вашите семејства!
Заедно со вашата поддршка, ќе го надминеме овој предизвик!
Здравје и среќа за сите!“, напиша вчера Бектеши.

Инаку во последните 24 часа се направени 1312 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на ковид-19 во земјава.

Починати се 3 лица, еден пациент од Скопје и по еден од Дебар и Струмица.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти.
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести