На регионалниот пат Свилајнац до Депотовци, во централна Србија уште една тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија 4 лица, 2 се тешко повредени

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 октомври, 2018 6:12

Уште една голема сообраќајна несреќа во Србија, кај Свилајнац, 4 загинати и 2 повредени лица

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Четири лица загинаа, а две се повредени вечерва во судир на шлепер, автомобил и камион кај Свилајнац.

Несреќата се случила околу 19 часот на регионалниот пат, на излезот од Свилајнац до Депотовци, во централниот дел на Србија.

Се судриле шлепер, камион и патничко возило, во кој биле лицата што загинале.

Една тешко повредена личност се наоѓа во болницата во Ќуприја.

Претходно се случија две големи трагични ланчани сообраќајни несреќи на автопатот Белград – Ниш, и на истото место во обратна насока, помеѓу Ќуприја и Јагодина, во кои загинаа седум лица, од кои двајца се Македонци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.