Луѓето честопати имаат и некоја друга хронична болест во позадина

Објавил: admin@magazin | 5 април, 2019 17:00

Уште петмина починати од грип за една недела, билансот се искачи на 28

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Во текот на изминатата недела, регистрирани се пет смртни случаи асоцирани со грип, од тоа кај две лица е утврдена претходна хронична болест/ко-морбидитет. Петмината починати се од Скопје, Делчево, Крива Паланка, Охрид и Тетово, на возраст од 39-75 години, соопшти Институтот за јавно здравје.

Кај тројца од починатите е изолиран А(H1pdm) вирусот на грип, а кај еден несубтипизиран тип А.

Се работи за тешки, масивни бронхопневмонии и кардиоваскуларна инсуфициенција, односно откажување на кардиоваскуларниот апарат“ кажа Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје

Вкупниот број на смртни случаи асоцирани со грип во текот на сезоната 2018/19, досега е 28.

Во текот на 13-та недела од 2019 година (25.03-31.03.2019), се пријавени 478 случаи со заболувања слични на грип, што е за 51 отсто намалување во споредба со претходната недела.

Луѓето честопати имаат и некоја друга хронична болест во позадина меѓутоа навремената дијагноза е исклучително важна, кажа Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

Во споредба, пак, со 13-та недела од минатата сезона бројот на пријавени лица со симптоми на грип е поголем за 23,8 отсто.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...