По објавата дека СДСМ од лица вработени во Шестата полициска управа и обезбедувањето на премиерот Заев формирале агенција за обезбедување, факт дека е нелегална по дејност

Објавил: Мартин Попоски | 5 октомври, 2018 12:13

Фамозната „приватна војска” на СДСМ работи како агенција за обезбедување без дозвола

Фото/Текст извор: ©нетпрес.ком.мк

Фамозната “Код Секјурити Груп” ДОО Струмица, која е најновата агенција за обезбедување под контрола на СДСМ и во која се директно инволвирани вработени во Шестата управа на МВР, воопшто не е регистрирана во Комората на РМ за приватно обезбедување.

Тоа за НетПрес го потврдија од Комората, од каде велат дека од МВР треба да кажат дали евентуално им издале дозвола за работа.

Како што преходно пишуваше порталот, од МВР не добиле одговор дали вработени во полицијата кои се дел од обезбедувањето на премиерот Зоран Заев основале агенција за обезбедување во Струмица, а во која како основач се јавува и познат струмички криминалец.

Комората на РМ за приватно обезбедување изврши увид во евиденциите кои ги води согласно Законот за приватно обезбедување, по што е утврдено дека во евиденциите на правни лица на кои им е издадена односно одземена дозволата за обезбедување нема податоци за агенција за обезбедување „Код Секјурити Груп“ ДОО Струмица. Истовремено Министерството за внатрешни работи е надлежен орган кој издава дозвола за обезбедување, така што во даденава прилика цениме дека е неопходно да сеобратите до МВР за да утврдите дали евентуално МВР има издадено дозвола, а сеуште до Комората ги нема доставено податоците. – изјавија од Комората.

Според Законот за приватното обезбедување, дозвола за работа на агенциите им издава МВР, а сите правни лица кои дејноста приватно обезбедување ја вршат во вид на давање на услуги се здружуваат во Комората заради заштита и унапредување на стручноста, професионалноста и деловноста и заради заштита на професијата.

Порталот пред девет дена побара одговор од министерството дали Александар Трајков, познат во јавноста како телохранителот на Заев кој го придружуваше и пред да стане премиер, потоа Николчо Колев и Стево Трајков, и двајцата исто така обезбедување на претседателот на СДСМ се вработени во полицијата.

Алексндар Трајков, неофицијално, не е повеќе вработен во МВР, но не е познато дали бил кога била основана агенцијата во јули годинава. Освен овие три лица, како основачи на агенцијата се јавуваа и струмичанецот Лазо Котуровиќ- Д’лгиот, своевремено дел од личното обезбедување на Заев и седум пати осудуван за различни кривични дела.

Не е јасно како вработени во полицијата, основале агенција за обезбедување, бидејќи тоа е спротивно на Правилникот за работење на работите и дејностите што се во судир со полициските работи.

СДСМ формира “приватна војска” под оружје, со осуденици и вработени во МВР?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести