За порталот КУРИР.МК од МВР  потврдуваат дека се приведени четири лица, кои се сомничат за подметнување на пожарот кој попладнево се случи во близина на велешкото езеро.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 август, 2019 18:55

Фатени подметнувачите на пожарот во Велес- приведени четири лица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Голем пожар беше забележан во околината на Велес во близина на Велешко езеро. Огромните столбови од црн чад се гледаа на далечина и од повеќе десетици километри.

За порталот КУРИР.МК од МВР  потврдуваат дека се приведени четири лица, кои се сомничат за подметнување на пожарот кој попладнево се случи во близина на велешкото езеро.

Порталот пишува дека неофицијално четворицата осомничени пожарот го подметнале така што работеле со алат кој предизвикал искри и запалил дел од тревата.

Осомничените пробале да го изгаснат пожарот, но поради ветерот пожарот се проширил и настанал вистински хаос.

Хеликоптери на АРМ го гасат пожарот кај Велес

За потсетување, хеликоптери на АРМ се уште го гаснат пожарот во Велес, а се стравува дека пожарот може да ги зафати и објектите во близина на езерото.

Противпожарните екипи се на терен, а од општина Велес советуваат жителите на населбата Отовица, да обезбедат противпожарни апарати и лопати за заштита од пожарот и да внимаваат на својата безбедност.

„Општина Велес апелира граѓаните да не се движат во близина на опожарените појаси околу езерото, а возачите кои минуваат на автопатот внимателно да управуваат со моторните возила бидејќи поради чадот е намалена видливоста на коловозот и го попречува безбедното одвивање на сообраќајот.“ -апелираат од Општината.

 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести