Швајцарецот по поразот се пожали на тешките временски услови

Објавил: admin@magazin | 4 септември, 2018 10:43

Федерер елиминиран во осминафиналето на УС Опен

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вториот носител на Грен слемот во Њујорк, Роџер Федерер рано утрово загуби од Џон Милман во осминафиналето со резултат 1-3, по сетови 6:3, 5:7, 6:7 и 6:7.

Мечот траеше повеќе од три часа и 38 минути.

По овој исход љубителите на тенисот ќе останат без очекуваната „класика“ Ѓоковиќ – Федерер.

Швајцарецот по поразот се пожали на тешките временски услови.

Имав многу проблеми поради условите. Беше многу топло и влажно. Јас буквално немав доволно воздух. Ова прв пат ми се случува. Беше многу непријатно, губев енергија. Противникот успеа да се справи со таквите услови. Можеби затоа што е од едно од највлажните места во светот (се смешка). Јас сум вознемирена, но во одреден момент бев среќен што заврши мечот, рече Федерер.

Федерер знаел што го чека на УС Опен, но не верувал дека условите толку ќе го исцрпат.

Сум играл на тешки услови, на температура над 40 степени. Но, на овој меч, моето тело едноставно не можеше да се справи. Јас немав доволно воздух. Цел бев мокар и облеан со пот, додаде Федерер.

Во четвртфиналето на УС Опен ќе играат: Ѓоковиќ – Милнер, Чилиќ – Нишикори, Дел Потро – Изнер и Надал – Тим.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис