Сега е потребно да ги почитуваме мерките за заштита, а наредната година ќе прославиме согласно традицијата. Помогнете ни, за сите нас.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 ноември, 2020 13:55

Филипче: Годинава само со најблиските да прославиме, само така ќе си помогнеме едни на други

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за здравство, Венко Филипче ги повика граѓаните оваа година куќните слави и празниците да ги прослават само во кругот на најтесното семејство!

Славите и празниците кои се пред нас, оваа година да ги прославиме само со најблиските. Следниве неколку месеци се најинтензивни во ширењето на ковид-19.

Токму поради тоа, потребна е нашата максимална одговорност за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на нашите најблиски. Во наредниот период, да не се групираме по домовите и да си помогнеме сите заедно побрзо да излеземе од корона кризата.

Сега е потребно да ги почитуваме мерките за заштита, а наредната година ќе прославиме согласно традицијата.

Помогнете ни, за сите нас, порача министерот!

Бројот на активни случаи на COVID-19 во државава достигна 14.661, откако вчера беа регистрирани уште 1.285.

Како што информираа вчера од Министерството за здравство, новозаболените 1.285 се од направени 3.404 тестирања. Битката со вирусот ја изгубија уште 14 лица, а оздравеа 176. Од новорегистрираните најмногу – 522 – се во Скопје, каде има и најмногу активни случаи – 6.732.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...