Осомничените, македонски државјани, заедно со НН лице неовластено организирале и заради продажба купиле, држеле и пренесувале наркотична дрога – марихуана.

Објавил: Весна Петровска | 20 мај, 2019 22:40

Филмска бркотница: Дрогата ја расфрлиле низ скопските улици – полицијата уапси познати криминалци

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска даде наредба за споведување на истражна постапка против две лица.

Според информациите од МВР, во текот на вчерашниот ден осомничените по претходен договор организирале пренесување на дрогата до с. Царев Двор со ПМВ марка Мерцедес Е класа управувано од непознато лице. Осомничените како возач и совозач на ТМВ марка Мерцедес Вито биле претходница на возилото во кое се пренесувала дрогата. На светлосна и звучна сигнализација од страна на полициските службеници, возилата наместо да застанат ја зголемиле брзината. Осомничените по некое време го запреле ТМВ, излегле и се дале во бегство но, набргу биле совладани и лишени од слобода. Возачот на ПМВ бегајќи со возилото ја исфрлил дрогата покрај патот и со голема брзина успеал да избега на полициските службеници.

По пребарување на теренот пронајдени се две патни торби со наркотична дрога – марихуана со вкупна тежина од 20.040,02 грама марихуана.

Осомничените, македонски државјани, заедно со НН лице неовластено организирале и заради продажба купиле, држеле и пренесувале наркотична дрога – марихуана.

Поради постоење на основите предвидени во член 165 став 1, 2 и 3 од Законот за кривична постапка, надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување на мерка притвор за осомничените. Судијата го прифати предлогот и со Решение им определи мерка – Притвор во траење од 30 дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести