Ништо од ветувањата за повеќе паркови во Скопје

Објавил: Узунов Бобан | 19 април, 2019 12:05

(фото доказ) Предизборен поздрав за граѓаните на Ѓорче Петров, градоначалникот урива парк ќе гради згради

Фото/Текст извор: ©vecer.mkмагазин

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Наумовски во својата предизборна кампања постојано потенцираше дека најважен дел од неговата програма е здравата животна средина. Затоа сега во изборната кампања на Стево Пендаровски носи одлука за промена на ДУП во Ѓорче Петров и веќе постоечки парк ќе ги претвори во градилиште.  

Предлог одлуката со која се прифаќа иницијативата за промена на ДУП во општина Ѓорче Петров со која ќе се овозможи градење во оваа скопска општина.

Како што објави порталот vecer.mk, со одлука на советот на општина Ѓорче Петров по иницијтива на Друштвото ДЕА-КОМ ДОО експорт-импорт Гостивар предвидено е измена на деталниот урбанистички план со кој ќе се гради во градска четврти C13 15 општина Ѓорче Петров и има пренамена на земјиштето од јавна површина парк во градежно земјиште.

Наумовски пред да стане градоначалник на жителите на Ѓорче Петров им ветуваше планска изградба на згради, нови зелени површини, а како еден од поголемите проекти во неговата предизборна програма беше темелно реновирање на централниот парк во општината. 

Градоначалникот Наумовски и советниците на СДСМ на денешната седница на советот по предлог од Друштвото ДЕА- КОМ ДОО експорт-импорт Гостивар, донесоа одлука за промена на деталниот урбанистички план во Ѓорче Петров. Ќе се гради на површина од 14,43 ха. 

По оваа одлука стана јасно за жителите на Ѓорче Петров од новата општинска администрација предводена од Наумовски добија само лажни ветувања, нема изградба на нови паркови, загаденоста на воздухот во зимскиот период е на рекордно ниво и не се реши урбаниот хаос.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести