Во нереќата животот го загубија 17 деца, а загинаа и (82) Иранци, (63) Канаѓани, (11) Украинци, (10) Швеѓани, (4) Авганистанци, (3) Германци и (3) Британци.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 јануари, 2020 14:34

ФОТО: Ова е семејството од Шведска кое загина вчера во авионската несреќа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Над 170 патници загинаа вчера во авионот „Боинг 737“ кој се урна по полетувањето од техеранскиот аеродром.

Семејството од Шведска кое загина во украинскиот авион кој се урна во Техеран

Во нереќата животот го загубија 17 деца, а загинаа и (82) Иранци, (63) Канаѓани, (11) Украинци, (10) Швеѓани, (4) Авганистанци, (3) Германци и (3) Британци.

Имено во авионската несреќа загина и цело семејство од Шведска. Станува збор за  Рехел (37) и Микеа Линдберг (40) кои заедно со децата Ерик (9) и Емил (7) беа во авионот заедно со останатите  патници и членови на екипажот кој загинаа на лице место.

Несреќата се случила откако украински авион со 167 патници и девет членови на екипажот се урнал во средата во близина на аеродромот „Имам Хомеини“ во иранскиот главен град Техеран.

 

На местото на несреќата беа пронајдени две црни кутии но директорот на Иранската организација за цивилно воздухопловство Али Абеџедех изјави дека тие нема да бидат предадени на производителот на авиони Боинг.

Авионот се урна само неколку часа откако Иран изврши ракетен напад врз две бази во Ирак каде се сместени американските сили, во знак на одмазда за убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Според тврдењата на независните експерти велат дека леталото било соборено со проектил, пишува британскиот дневник “Independent”.

Иранските службеници рекле дека техничките проблеми се одговорни за падот на авионот на украинската компанија, кој се урнал непосредно по полетувањето од меѓународниот аеродром “Имам Хомеини”, при што загинале сите 176 патници и членови на екипажот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.