Имено Адријана Алачки објави фотографија од нејзиниот престој во Обединетите Арапски Емирати.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 јуни, 2019 18:45

ФОТО: Шеик ја накити Алачки со скапоцен накит како невеста

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата водителка на  „Вкусот на традицијата“ која пред само неколку дена наполни 52 години, мора да признаеме дека изгледа одлично. Таа непосредно пред роденденот беше во посета на Обединетите Арапски Емирати, од каде изгледа се врати со многу подароци, но и со многу импресии.

Алачки при посетата во Обединети Арапски Емирати

Имено Адријана Алачки објави фотографија од нејзиниот престој во Обединетите Арапски Емирати. Интересно е тоа што таа дури и таму реши да го покаже вкусот на традиционалните македонски јадења, па на шеикот каде што беше гостинка му подготви традиционални македонски јадења. Таа на социјалните мрежи објави интересна фотографија на која јсе гледа како шеикот ја кити нашата Алачки со накит.

„Адријанче, ти си срце само за некој шеик.. многу сте ми убави“, „Те китат како за невеста, биди внимателна“ се само дел од коментарите под фотографијата која ја објави Алачки.

Инаку, Адријана Алачки беше 25 години во брак со познатиот македонски хармоникаш Горан Алачки а со него има две деца ќерката Грациела и синот Благоја. Пред неколку дена токму нејзините деца и приредија големо изненадување по повод нејзиниот роденден а водителката изјави дека била воодушевена од нивната внимателност. Во едно интервју Алачки изјави дека децата и внуката Јана се тие кои ја враќаат во живот. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.