Ременски го заврши увидот во доказите кои ги обезбедило Обвинителството, и на прашање на новинарите одговори дека се видела, но не и докази.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 декември, 2019 14:27

Фросина Ременски не видела докази против неа за Меѓународен сојуз

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Фросина Ременски, пратеничка и потпретседателка на Собранието денеска беше во обвинителството за организиран криминал и корупција каде вршеше увид на доказите за случајот со Меѓународен сојуз за кој е осомничена.

Ременски го заврши увидот во доказите кои ги обезбедило Обвинителството, и на прашање на новинарите одговори дека се видела, но не и докази, објави Сител.

Фросина Ташевска Ременски (22 февруари 1977 во Крива Паланка) — македонски политичар и поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија. На оваа функцијата стапила на 12 ноември 2015 година, по договорот од Пржино.

Пратеничката денеска  втор ден правеше увид во доказите а утре е повикана на распит за случајот.

Според истрагата на Обвинителството, Ременски на средбите кои Боки 13 ги одржувал со бизнисмените, требало да остава впечаток дека зад проектите за изградба на старски домови стои и владата.

Во обвинителството денеска од куќен притвор дојде и потпретседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ која дава исказ.  Веќе три часа таа одговара на прашања од обвинителката Вилма Русковска.

Според истрагата која се води, таа е осомничена за помагање при извршување на кривичното дело „перење пари”.

Во случајот Меѓународен сојуз осомничени се уште Бојан Јовановски, Неговиот татко Миле, Христина Блажевска и Потпретседателката на собранието Фросина Ременски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести