„Бев повикана во ЈО како лице од кое се земаат одредени известувања и да дадам одговор на сите прашања кои што беа од интерес на ЈО за се што е поврзано со случајот со „Меѓународен сојуз“, рече Ременски.

Објавил: admin@magazin | 4 септември, 2019 16:16

ФРОСИНА РЕМЕНСКИ: “Со БОКИ 13 се познаваме од телевизија”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Пратеничка од СДСМ Фросина Ременски речиси три часа кај Рускоска давала известувања во врска со случајот „Рекет“.

Фросина Ременски по денешниот исказ за „Рекет“ рече дека како претседател на организацијата немала никаква формално-правна обврска да учествува во органите на организација. Таа додаде дека Бојан Јовановски го знае како и сите други, од телевизија.

„Се познаваме колку што и вие се познавате од телевизија.“, истакна Ременски.

Таа рече дека очекува од Собранието да го донесе Законот за јавното обвинителство.

Ги отфрлам сите поврзувања со осомничените во „Рекет“ и најодговорно ги демантирам тие шпекулации“, истакна Ременски.

„Ние како партија и како пратеници немаме дилема дека за започнатите постапки, кои се однесуваат на Јанева ќе гласаме согласно законската обврска и да донесеме правилна одлука. Ниту еден граѓанин којшто извршува одредена должност, не треба да ги избегнува државните институции кои имаат интерес да дојдат до одредени сознанија. Не гледам причина зошто политичар не би бил повикан во Јавно обвинителство. 

„Бев повикана во ЈО како лице од кое се земаат одредени известувања и да дадам одговор на сите прашања кои што беа од интерес на ЈО за се што е поврзано со случајот со „Меѓународен сојуз“, рече Ременски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести