Адвокатка Ирена Фрчковска, рече дека очекуваат Јанева денеска да биде пуштена од болничко лекување, кога ќе имаат и повеќе детали за здравствената состојба.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 октомври, 2019 12:16

Фрчковска: Јанева ќе биде пуштена од болница денес напладне

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева по четири дена болничко лекување во клиниката „Жан Митрев“ денеска треба да биде вратена во притвор во истражниот затвор „Скопје“.

Јанева е обвинета во аферата „Рекет“ и издржува мерка притвор во истражниот затвор „Скопје“.

Адвокатка Ирена Фрчковска, рече дека очекуваат Јанева денеска да биде пуштена од болничко лекување, кога ќе имаат и повеќе детали за здравствената состојба.

– Најверојатно ќе биде пуштена денеска напладне и тогаш ќе знам повеќе детали, изјави Фрчковска.

Поради висок притисок и општа анксиозност Јанева минатата недела беше пренесена на клиниката „Жан Митрев“ на интернистичко кардиолошки преглед.

Фрчкоска, на 10 октомври, кажа дека Јанева е задржана во клиниката „Жан Митрев“ на понатамошно следење, како пациент во сомнителна прединфарктна состојба.

Претходно, одбраната на Јанева побара притворот да и биде заменет со куќен притвор, но Судот го одби ова барање.

Јанева е обвинета во аферата „Рекет“ и издржува мерка притвор во истражниот затвор „Скопје“.

Бранителите на Јанева изјавија дека засега немаат побарано од судија на претходна постапка укинување на притворот заради влошената здравствена состојба. Појаснуваат дека првин ќе ја сочекаат одлуката на Апелациониот суд за поблага мерка за што е понудена гаранција од три станови.

Документацијата за влошена здравствена состојба, Боки 13 веќе ја доставил до судија на претходна постапка за укинување на притворот.. Во меѓувреме обвинителството за гонење организира криминал и корупција го поднесе обвинението за случајот Рекет а во исто време ја продожи истрагата и за Меѓународниот сојуз на Јовановски. Меѓу петтемина осомничени за перење пари, измама и помагање под истрага е и пратеничката Фросина Ременски.

Освен Ременски, со истрагата на Обвинителството опфатени се и потпретседателката на меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ, таткото на Јовановски, Миле и асистентка од сојузот.

МИА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика