Владата треба се што не направиле досега да го направат до октомври. Сета таа патетика по Самиот на ЕУ да ја претворат во реална политика.

Објавил: admin@magazin | 18 октомври, 2019 23:08

ФРЧКОСКИ: “Жртвата Заев треба да ја остави во Брисел и да се врати во Македонија како ЛАВ”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Професорот Љубомир Фрчоски во вечерашното гостување во „24Анализа“ на 24Вести ТВ рече дека притисок од опозицијата ќе има доколку Заев се покаже како нокаутиран, приказната за жртва треба да ја остави во Брисел и треба да се врати како што би рекле вмровците како лав. 

Владата треба се што не направиле досега да го направат до октомври. Сета таа патетика по Самиот на ЕУ да ја претворат во реална политика, рече Фрчкоски во вечерашното гостување во 24 Анализа на 24 Вести.

-Притисок од опоцицијата ќе има доколку Заев се покаже како нокаутиран, приказната за жртва треба да ја остави во Брисел и треба да се врати како што би рекле вмровците како лав. – рече Фрчкоски. Сите работи се горе доле расчистени. Мора жестоко, како внатре во партијата што направија, така и во администрацијата да направат реформа.

Професорот порача дека програмските ветувања мора да ги завршат, да успеат да ги завршат, а најважен е делот со правосудството и администрацијата.

-Може да извршат смена на 30-тината корумпирани судии кои се влечеа во телефонските разговори, познати како „сваровски судии“. Предметите треба да продолжат, владата да докаже дека криминалните дејствија на претходниците се докажани и докажливи. Владата ќе плати доколку не се консолидираат да најдат правни решенија, постојат правни решенија, немора да се мешат политички партии. Криминалците мора да одат во затвор. – констатира Фрчкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.