Специјалното обвинителство на Косово синоќа соопшти дека Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи од синоќа се ставени во притвор на специјализираните совети на Косово во судот во Хаг.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 ноември, 2020 9:53

ХАОС ВО КОСОВО: Еулекс упадна во куќата на Хашим Тачи

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Припадници на Еулекс вршат претрес во куќата на поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, јавуваат приштинските медиуми.

Специјалното обвинителство на Косово синоќа соопшти дека Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи од синоќа се ставени во притвор на специјализираните совети на Косово во судот во Хаг.

Тачи вчера, поднесе оставка од функцијата претседател на Косово. Вршителот на должноста претседател Вјоса Османи, во своето прво обраќање во тоа својство ги повика граѓаните да покажат единство и лојалност кон заеднички проект Република Косово.

„Нашата земја минува низ тешки денови. Граѓаните на Косово мора да покажат единство и лојалност кон нашиот заеднички проект, нашата Република“, рече таа, додавајќи дека постапките на Специјалниот суд се резултат на обврските што ги прифати Косово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

Објавени се снимки на кои, според тврдењата на Приштина, се гледаат почетните напади, кога е и убиен припадникот на косовската полиција.

Свеља кажа дека снимките биле најдени во еден од дроновите запленети во Бањска, кој, како што кажа, „бил во рацете на терористите“.

Косовската полиција објави две снимки тврдејќи дека на нив се гледа почетокот на судирот меѓу групата Срби и косовската полиција.



„Видеото ги прикажува првите напади на терористичката група на косовската полиција. Нападите, како што се гледа, се извршени со различно оружје, почнувајќи од зоља и друго тешко вооружување“, тврди косовскиот министер.



Полицијата на Косово објави и фотографии од запленето оружје за кое тврдат дека е произведено во Србија, а дека дел од оружјето и муницијата се произведени во последните години.

Претходно премиерот на Косово Аљбин Курти објави снимки кои, како што тврди, покажуваат дека оружената група од Бањска за нападот се спремала на воен полигон во Србија.

Косовската полиција објави снимки од почетокот на нападот во Бањска (ВИДЕО)

Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља, продолжи да објавува снимки...

Кандидатурата на Косово доби поддршка и од Албанија, каде што ќе се одржат дел од настаните. Позитивна оценка за кандидатурата даде и комисија на МКМИ, која престојуваше во Косово пред една недела.

Косово ја доби организацијата на Медитеранските игри 2030

Генералното собрание на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (МКМИ), што се...

Тие оценија дека безбедносната состојба на северот на Косово е вознемирувачка и тензична.

ЕУЛЕКС: Вознемирени сме од присуството на вооружени и маскирани лица и групи на север од Косово

Мисијата на Европската унија за правда (ЕУЛЕКС) денеска соопшти дека за време на патролите...