Според информациите на МВР, возач на патничко моторно возило, сопатник и еден велосипедист биле тешко повредени во две од вкупно 18 сообраќајни несреќи што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во пет сообраќајки полесно биле повредени седум лица, а во 11 била причинета материјална штета.

Објавил: Весна Петровска | 7 октомври, 2019 11:24

ХАОС ВО СКОПЈЕ: Тешко повредени три лица

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Хаос на скопските улици, полицијата со полни раце работа, 18 сообраќајки за само 48 часа.

Според информациите на МВР, возач на патничко моторно возило, сопатник и еден велосипедист биле тешко повредени во две од вкупно 18 сообраќајни несреќи што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во пет сообраќајки полесно биле повредени седум лица, а во 11 била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција санкционирала 113 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила 36 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 58 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и четворица почетници, како и 40 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.

Санкционирани биле и 14 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, шест возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престројување, четворица возачи за неправилно престигнување, девет за не користење заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, 15 возачи за не носење сигурносен појас, како и 17 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Еден пешак поминал коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 195 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 140 возила.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...