Тие се обвинети за злосторства извршени во 34 нелегални притвори на ОВК во Косово и Албанија над најмалку 407 приведени, од кои најмалку 98 биле убиени, од март 1998 година до септември 1999 година.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 ноември, 2020 9:03

Хашим Тачи е обвинет за 98 убиства

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Поранешните офицери на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи се обвинети пред судот во Хаг за најмалку 98 убиства.

Тие се обвинети за злосторства извршени во 34 нелегални притвори на ОВК во Косово и Албанија над најмалку 407 приведени, од кои најмалку 98 биле убиени, од март 1998 година до септември 1999 година.

Откако хашкото обвинителство ги потврди обвиненијата и соопшти за апсењето на Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи, припадници на ЕУЛЕКС вчера извршија претрес во домовите на овие, некогаш високо позиционирани припадници на ОВК, а прегледана од полицијата беше и седиштето на Демократската партија на Косово.

Поранешниот косовски претседател Хашим Тачи ќе го има своето првично обраќање пред судот на 9 ноември, под обвинение за сторени воени злосторства и злосторства против човештвото.

Првичното појавување на Хашим Тачи ќе биде јавно сослушување. За време на првичното појавување, судијата на претходна постапка се осигура дека се почитуваат правата на обвинетиот, вклучително и правото на правно застапување, и дека обвинетиот ги разбира обвиненијата против него “, соопшти денеска косовскиот специјален совет, со седиште во Хаг!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

Објавени се снимки на кои, според тврдењата на Приштина, се гледаат почетните напади, кога е и убиен припадникот на косовската полиција.

Свеља кажа дека снимките биле најдени во еден од дроновите запленети во Бањска, кој, како што кажа, „бил во рацете на терористите“.

Косовската полиција објави две снимки тврдејќи дека на нив се гледа почетокот на судирот меѓу групата Срби и косовската полиција.



„Видеото ги прикажува првите напади на терористичката група на косовската полиција. Нападите, како што се гледа, се извршени со различно оружје, почнувајќи од зоља и друго тешко вооружување“, тврди косовскиот министер.



Полицијата на Косово објави и фотографии од запленето оружје за кое тврдат дека е произведено во Србија, а дека дел од оружјето и муницијата се произведени во последните години.

Претходно премиерот на Косово Аљбин Курти објави снимки кои, како што тврди, покажуваат дека оружената група од Бањска за нападот се спремала на воен полигон во Србија.

Косовската полиција објави снимки од почетокот на нападот во Бањска (ВИДЕО)

Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља, продолжи да објавува снимки...

Кандидатурата на Косово доби поддршка и од Албанија, каде што ќе се одржат дел од настаните. Позитивна оценка за кандидатурата даде и комисија на МКМИ, која престојуваше во Косово пред една недела.

Косово ја доби организацијата на Медитеранските игри 2030

Генералното собрание на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (МКМИ), што се...

Тие оценија дека безбедносната состојба на северот на Косово е вознемирувачка и тензична.

ЕУЛЕКС: Вознемирени сме од присуството на вооружени и маскирани лица и групи на север од Косово

Мисијата на Европската унија за правда (ЕУЛЕКС) денеска соопшти дека за време на патролите...