Според тамошните информации, на патниот правец Елбасан-Пеќин попладнево се случи сообраќајна несреќа во која учествувал и македонски државјанин.

Објавил: Весна Петровска | 25 јули, 2019 20:10

ХОРОР ТУРА ЗА ШОФЕР ОД МАКЕДОНИЈА – Тешка сообраќајна несреќа во Албанија

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Македонски државјанин со товарно возило учествуваше во тешка сообраќајна несреќа во Албанија, во несреќата повредени се три лица соопштуваат тамошните медиуми.

За среќа повредените се надвор од животна опасност.

Според тамошните информации, на патниот правец Елбасан-Пеќин попладнево се случи сообраќајна несреќа во која учествувал и македонски државјанин.

Македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Албанија

Во собраќајката се повредени три лица откако камион управувам од македонскиот државјанин удрил во автомобил мерцедес. Повредените се пренесени во болницата во Елбасан и се вон животна опасност.

-Сообраќајната несреќа се случи на патниот правец Елбасан-Пеќин, кај селото Папер. Од се уште непознати причини дошло до судар меѓу автомобил „мерцедес“ управуван од М.К. жител на Тирана и камион со кој управувал македонскиот државјанин Х.Ф. од Тетово, стои во полициското соопштение.

Се додава дека увид врши истражна екипа, која треба да ја расветли причината за несреќата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести