Исто така тој додава дека утрешната церемонија која се случува еднаш во животот, да се види со папата и да добијат благослов.

Објавил: Весна Петровска | 6 мај, 2019 18:00

Хрватско семејство 15 дена се подготвува за папата: Ова еднаш во животот се случува

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Многу верници утре ќе се поклонат на папата Франциск кој ќе ја оддржи литургија на плоштадот Македонија меѓу нив е и хрватското семејство Невестиќ кое за Сител открива како со нетпрение ја очекуваат утрешната миса и блиската средба на поглаварот на римокатоличката црква.

Ова семејство кое живее 30 години во Македонија вели дека 15 дена во нивниот дом се подготвуваат за големиот ден со позитивна мисла и молитви.

-Знаете, кај оди папата носи мир и просперитет.Се бараше карта да се види папата, не само да се присуствува, вели за Сител Станко Невистиќ од заедницата на Хрватите во Македонија.

Исто така тој додава дека утрешната церемонија е настан  кој се случува еднаш во животот, да се види со папата и да добие благосолв.

-Цела Македонија треба да се чуствува позитивно, секој да присуствува, но мислам дека не се направи доволно, бидејќи утре е работен ден и не може секој да дојде, вели Невистиќ.

Исто така голем број на верници кои живеат во внатрешноста  ќе дојдат во Скопје со организиран превоз за да присуствуваат на свечената миса и да се поклонат пред поглаварот на Римокатоличката црква.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.