На место украсување за новогодишните празници, општина Велес одлучи парите да ги донира на социјално загрозените семејства.

Објавил: admin@magazin | 24 декември, 2018 8:37

ХУМАНОСТ – Општина Велес парите за украсување ќе ги донира на социјално загрозени семејства

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Општина Велес годинава одлучи парите од буџетот наместо да се користат за купување нови новогодишни украси, календари и други промотивни материјали, да ги донира на социјално најзагрозените семејства. Вкупно 300 илјади денари ќе се поделат по три илјади денари на сто социјално загрозени семејства.

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски изјави дека општината на ваков начин ќе придонесе сограѓаните да имаат убави и исполнети празници со своите семејства. 
-Ќе им овозможиме да ги заборават проблемите и грижите и барем за момент да ја почувствуваат топлината и радоста на празниците, потенцира Коцевски на прес конференцијата.

Градоначалник на општина Велес е Аце Коцевски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години. Функцијата градоначалник ја извршувал и во периодот 2000-2009. Советот на општина Велес е составен од 23 члена.

Во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, средствата од 300 илјади денари еднакво ќе се распределат на 100 социјално загрозени семејства.

Од нив, 80 семејства се од градот и 20 од населените места.

Градоначалник на општина Велес е Аце Коцевски претставник е на партијата на СДСМ кој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.