Во Македонија власта вработува пред избори, пред референдум, а очигледно дека нови работни места се огласуваат по потреба и пред гласање за уставни измени во Собранието

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 октомври, 2018 15:18

Царинската управа огласува вработувања на денот на уставните измени?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Царинската управа на Република Македонија, денес огласи конкурс за нови работни места, нешто пред почетокот на Собраниската седница за уставни измени.

Според огласот, Царинската управа огласува конкурс за нови 58 вработувања на патните, железничките и авио царинските терминали низ цела држава.

Познавачите на политичко – општествените проблематики не го спорат огласот на Царинската управа но сметаат дека неговото објавување, а воедно и краток рок за достава на комплетна документавија ( до 18 октомври ) оставаат простор за отворен сомнеж дека конкурурост има и партиска намена.

Имено бројни конкурси за вработување, беа објавувани и во предреферендумскиот период, за што јавноста  ја обвини владата дека се работи за партиски вработувања.

Со ова основано се отвора прашањето дали вработувањата во Царинската управа на 58 нови вработени има поврзаност со собраниското гласање на уставните измени?

линк до објавениот конкурс за огласени 58 нови вработувања во Царинската управа на Република Македонија

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести