Цветанов ги измешал тенџерињата и капачињата па јавно го обвини бојкотирам за претстојниот референдум дека е акција за спас на Груевски од казна затвор

Објавил: Мартин Попоски | 26 септември, 2018 6:33

Цветанов на ТВ дебата со маичка со ликот на Груевски зад решетки

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Ване Цветанов, сега од невладината “Зелена лупа” и поранешен директор на Управа за спречување перење пари, сликовито се обиде да појасни што значи повикот за бојкотирање на референдумот.

Тој на почетокот на ТВ дебатата го соблече џемперот и ја покажа маичката со апликација на која Груевски е прикажан како затвореник зад решетки.

Повикот за бојкот е само заради спасот на Никола Груевски да не оди во затвор. – рече Цветанов.

Цветанов беше гостин заедно со Здравко Савевски од Левица и Живко Јанкуловски од ПОДЕМ, кои патем заговараат бојкот на референдумот.

*Цветанов патем своевремено беше и притвор како кадар на Никола Груевски, кога се товареше дека во период од 2008 – 2010 година ја злоупотребил службената положба склучувајќи договори за јавни набавки спротивно на законот, при што на правните лица им плаќал авансно, иако според одредбите во договорите исплатата требала да биде после извршената услуга, односно вршел исплати и покрај тоа што услугите воопшто не биле извршени.

Цветанов беше обвинет во акцијата “Шпиун” кога во јавноста излезе со тешки обвинувања дека има досие за криминални скандали, за кои обвинителството, наместо да ги процесуира, замижувало. Тогаш соопшти дека за сознанијата што ги добил како директор го известил и премиерот, но наводно и тој не бил заинтересиран.

Подоцна премина во партијата на Љубчо Георгиевски и беше еден од најгласните критичари на владеењето на премиерот Груевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести