Имено нашиот пејач за време на снимањето на емисијата „Твоето лице звучи познато“ зад сцената додека се подготвувал на фоторепортерите им ги покажал ноктите, но на сосема погрешен начин алудирајќи на албанскиот симбол.

Објавил: Весна Петровска | 11 октомври, 2019 14:59

ЦЕЛА СРБИЈА ЗГРОЗЕНА ОД НАШИОТ КАЈМАКОВСКИ- Даниел се извини и се огласи по скандалот

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Нашиот преставник на српското музичко шоу Твоето лице звучи познато Даниел Кајмакоски предизвика вистински скандал во регионот, особено во Србија поради покажувањето на албанскиот симбол – двоглав орел.

Имено нашиот пејач за време на снимањето на емисијата „Твоето лице звучи познато“ зад сцената додека се подготвувал на фоторепортерите им ги покажал ноктите, но на сосема погрешен начин алудирајќи на албанскиот симбол.

По ова тој предизвика вистинска бура од реакции и навреди на социјалните мрежи, по што се огласи и самата продукција „Емоушн“ која вели дека не гледа ништо спорно во потегот на Кајмакоски кој ја пропагирал Голема Албанија.

Но Кајмакоски не можеше а да не го искоментира срамниот потег и тој вели дека се срами што дозволил да биде изманипулиран.

Скандал на снимањето на ТЛЗП: Цела Србија бесна на Даниел Кајмакоски и неговиот срамен потег- веднаш се огласи продукцијата и пејачот

Даниел Кајмакоски се извини после скандалот кој изби откако беше објавена негова фотографија на која тој делува дека покажува двоглав орел. Фотографијата од снимањето на ТЛЗП ги испровоцира Србите.

Пејачот истакна дека само ги покажувал налакираните нокти, а не симболот како и дека му е жал што настанала ваква ситуација.

„ Се извинувам на цела Србија и на сите нејзини граѓани кои се повредени од мојот гест. Тоа не ми беше намерата. Случајно ги ставив рацете така и испадна дека ја поддржувам „голема Албанија“. Ја сакам Србија, тоа е земјата во која се прославив и имам многу пријатели. Сите кои ме познаваат знаат дека сум последниот човек кој би поддржал такво нешто. На моите настапи и во јавност повеќе пати давав поддршка и кревав српско знаме, а со истото и се фотографирав. Горд сум поради тоа. Срам ми е што дозволив да бидам изманипулиран и фотографиран така што испаѓа дека промовирам омраза. Јас сум патриот и православец и мислам дека Србите и Македонците се два најблиски народи на Балканот“, вели Кајмакоски.

Инаку, Кајмакоски во моментов учествува во шоуто „Твоето лице звучи познато“, а во моментот кога настанала спорната фотографија го подготвувал костимот за имитација на Тејлор Свифт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.