Тој во интервју за грчката телевизија „Антена“ вели дека кога решавал за Договорот од Преспа бил свесен дека можеби ќе ги изгуби предвремените избори.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 декември, 2019 16:31

Ципрас: Поради Договорот од Преспа ги изгубивме изборите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас искрено проговори за фактот дека по потпишувањето на Договорот од Преспа ги изгубил изборите.

Тој во интервју за грчката телевизија „Антена“ вели дека кога решавал за Договорот од Преспа бил свесен дека можеби ќе ги изгуби предвремените избори.

Некои се прашуваа луд ли е овој, зошто го прави тоа, ќе ги загуби изборите, но донесов одлука со целосно сознание дека е итно да се надгради улогата на земјата, изјави поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас .

Алексис Ципрас е роден на 28 јули 1974 во Атина — грчки политичар на функцијата Премиер на Грција член на парламентот на Грција, претседател на Синаспизмос и шеф на парламентарната група СИРИЗА

Ципрас во интервјуто истакнал дека додека бил на позицијата премиер успеал да ги оствари сите цели кои ги зацртал, јави дописничката на МИА од Атина.

Она што го постигнавме, а е и големо достигнување е надградбата на геополитичката улога на земјата во еден многу тежок период за Грција и го гледаме тоа. Кога решавав за Договорот од Преспа, некои се прашуваа луд ли е овој? Зошто го прави тоа? Ќе ги загуби изборите. Донесов одлука со целосно сознание дека е итно да се надгради улогата на земјата, рече Ципрас.

Новинарот му возврати со : „и тоа беше една од причините што ги изгубивте изборите“.

Тоа беше една од причините, да, мислам дека да. Во главно, отровната пропаганда што се создаде околу тоа. Популизмот. Кога видовме некои кои 30 години поддржуваа решение да ги поздравуваат оние кои што не се согласуваа со тоа и тоа со една, би рекол, квазипатриотска карактеристика. Но, велев дека беше итна потребата да ја надградиме геополитичката улога на земјата, итна потребата да решиме проблеми и спорови за да го немаме присуството на Турција и на нашата северна граница, објасни поранешниот грчки премиер.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.