Најмногу од заразените се помеѓу 22 до 30 години, изјави министерката!

Објавил: Перо Милчин | 18 ноември, 2020 20:51

ЦРВЕН АЛАРМ ВО ШВЕДСКА: Ситуацијата излезе од контрола, 100 мртви за 24 часа!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во изминатото деноноќие во Шведска како последица од корона вирусот починаа 96 лица, а според информациите на шведскиот весник Афтонбладет, до сега се починати 6321 лица од како започна епидемијата во оваа скандинавска земја!

Министерката за социјални работи Лена Халенгрен за ТТ изјави дека капацитетот за тестирање го достигнал рекордот!

Пред три недели тестиравме 200 000, пред две недели 230 000 и минатата недела 254 000, така што тестирањето се зголемува цело време. Многу е напорно, поврорно сме во тешка ситуација, ширењето на инфекцијата се зголемува наголемо.

Најмногу од заразените се помеѓу 22 до 30 години, изјави министерката!

Шведска минува низ втор бран на пандемијата. Но, за разлика од соседните земји во земјата и натаму нема задожителни правила, туку само препораки.

„Ситуацијата бргу се развива во погрешна насока“, напиша шведскиот премиер Штефан Лофвен во минатиот четврток на Фејсбук.

„Сѐ повеќе заразени. Сѐ повеќе починати. Ситуацијата е сериозна“.

Ова е првиот пост откако Лофвен се повлече во превентивна самоизолација: некој од неговото опкружување имал контакт со лице позитивно на Ковид 19.

Комисијата со нивниот главен епидемиолог Андрес Тегнел е главниот центар за борба со пандемијата – во Скандинавија вакви специјализирани оддели од секогаш имаат доста влијание врз политиката!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.