Се одбележуваат два историски Илиндена – 119 години од почетокот на Илинденското востание и 78 години од Првото заседание на АСНОМ.

Објавил: admin@magazin | 2 август, 2022 11:47

Честит и вечен Илинден!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Македонија денес се слави големиот верски празник Св. пророк Илија и големиот национален празник Денот на Републиката, Илинден, 2 август – датум кој има значаен белег во македонската историја.

Се одбележуваат два историски Илиндена – 119 години од почетокот на Илинденското востание и 78 години од Првото заседание на АСНОМ.

Во фејсбук објава премиерот повикува да го празнуваме празникот во слога и обединетост.

Нека ни е честит и долговечен Илинден – Денот на Републиката. Да го празнуваме во слога и обединетост. Денеска ги чествуваме двата Илиндена 1903 и 1944 година, темели на македонската држава, македонскиот јазик и идентитет и изразуваме вечна благодарност кон илинденците и асномците за нивната заложба и визија за современа, суверена, независна, модерна држава. Илинден е нашата гордост, нашиот патоказ. Илинден е нашата сила за иднината!, пишува премиерот Ковачевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести