Според податоците од бугарските власти до сега се издадени 155.000 пасоши а 40.000 се во процедура, најголем интерес имало во Македонија па Србија, Молдавија, Албанија и Русија

Објавил: Мартин Попоски | 1 ноември, 2018 8:25

Четворица обвинети за продажба на потврди за потекло и пасоши во Бугарија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Четири обвиненија поднесоа бугарските власти за учество во криминална група и корупција, по акцијата во Државната агенција за Бугарите во странство.

Директорот Петар Харалампиев, кого обвинителството го товари како главен на групата, и генералниот секретар Красимир Томов се двајца од обвинетите, додека останатите 16 уапсени се ослободени.

Заменикот главен обвинител, Иван Гешев, изјави дека станува збор за најсериозен корупциски случај во повисоките нивоа на власта и поради тоа обвинителството во истрагата прибрало конкретни докази за извршени криминали.

Од Македонија, од каде минатата година биле поднесени 10.000 барања за такви потврди, се уште не е побарана соработка за случајот.

Македонија, македонксата влада и македонските истражни органи доколку се укаже потреба целосно стоиме на располагање да помогнеме, доколку одредени наоди индицираат дека постои нешто кое што треба да се истражи во Македонија. -, изјави портпаролот на влада, Бошњаковски.

По избивањето на аферата во Бугарија веднаш започнаа политички препукувања и меѓусебни обвинувања.

Опозицијата обвини дека агенцијата за Бугарите во странство всушност е под контрола на Красимир Каракачанов и неговото ВМРО – БНД, а не како што е законски пропишано под вицепремиерот.

Партијата „Вољја“ тврди дека тие уште пред една години предупредиле за криминални дејства во агенцијата.

Тогаш Каракачанов и ВМРО – БНД, врз основа на предупредувањата од пред година и половина цврсто застанаа зад шефот и целата група, која сега се докажа дека е организирана криминална група, според обвинителството. – вели лидерот Веселин Марешки.

Обвинителството го сомничи Харалампиев дека ја организирал групата за да издава неосновани потврди за бугарско потекло на странци, со цел добивање бугарски пасош. За таа услуга наплаќале од 5 до 8 илјади евра, давани на најниските службеници а потоа распоредувани низ агенцијата од Харалампиев и Томов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.