Дали СДСМ им се заблогодарува на верните членови ?

Објавил: Узунов Бобан | 10 јуни, 2019 12:17

Чичаковски од митингаш на СДСМ, преку претседател на ДИК до управен судија иако си даде оставка поради несовесно работење? !

Фото/Текст извор: ©магазин

Поранешниот претседател на ДИK, Александар Чичаковски конкурирал за судија во Управниот суд. Чичаковски е познат во јавноста како поранешен претседател на ДИК во составот кој беше договорен после Пржинските преговори помеѓу тогашната власта и опозиција. 

Инаку Чичаковски беше на чело на ДИК кога американскиот амбасадор Џес Бејли ја откри аферата со бонусите за паралментарните избори во 2016та година, кога си поделиле дополнителни четири плати.

ВМРО-ДПМНЕ го критикуваше Александар Чичаковски дека како претседател на ДИК обработувал за СДСМ, а бил и нивни активист. Своевремено опозицијата обвинуваше, дека Александар Чичаковски бил редовен на протестите организирани од СДСМ и можел да се забележи во првите редови.
 

Според одлуката донесена на затворена седница на 16 ноември 2017 година членовите на ДИК си изгласале бонуси во висина од четири и две дополнителни плати. 

Четири дополнителни нето исплатени плати добиле претседателот на ДИК Александар Чичаковски, заменик претседателот Реџеп Прекопуца, како и членовите на комисијата Атана Урумов, Виолета Дума, Игор Милев, Сабхи Јакупи, Сашо Срцев и Силвана Бонева. Членовите на ДИК Бедредин Ибраими и Асани Салија добиле дополнителни две нето исплатени плати во последниот месец. Вработените во ДИК и лани си поделиле слични бонуси.


Огласот за избор на управен судија беше објавен уште на почетокот на годинава, а денеска Судскиот совет соопшти дека тој од пријавените кандидати може да оди понатаму во изборот.

Неодамна одредени медиуми повикувајќи се на добро упатени судски  извори,објавија дека Чичаковски е личен избор на министерката Рената Десковска.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести