Едно лице се бори за живот

Објавил: admin@magazin | 28 јуни, 2018 17:02

Човек избоден до смрт на фестивал во Хрватска

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Еден британски турист почина како резултат на прободување додека бил на фестивалот Hideout во Хрватска, објавија организаторите на фестивалот во вчера изутрина. Полицијата потврди дека жртвата е 26 годинишниот Уго Вилсон, која била невооружена за време на нападот. Друг човек во моментов се бори за својот живот, се вели во извештајот на Sky News.

Нападот што доведе до инцидентот започна во калипсо клубот на фестивалот а подоцна продолжил на плажата Зрче, каде што се случи нападот. Според локалните медиуми, седум лица се уапсени поради вмешаност во нападот.

Hideout објави соопштение на нивната Фејсбук страница во кое наведуваат: “Им даваме целосна поддршка за истрагата и нашите мисли и сочувство се со семејството и пријателите на засегнатите лица. Како и секогаш, ние тесно соработуваме со локалните власти зо безбедноста на сите како наш главен приоритет. Тимот на Hideout” – се вели во соопштението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.