Ни ја даде својата куќа, каде што ги сместивме животните од улица, потврди за српски курир Друштвото за заштита на животни од Краљево„.

Објавил: Перо Милчин | 2 март, 2019 11:02

ЧОВЕК СО ГОЛЕМО СРЦЕ – Ја поклонил својата куќа, за азил за животни

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Еден голем љубител на животни кој живее во Монако, ја поклонил својата куќа во Србија, за да се направи азил за животни.

Овој азил за животни е многу посебен и се разликува од другите, бидејќи до пред неколку години место него, на тоа место беше куќа од еден хуман човек, која ја подари за здружението за заштита на животните во Краљево.

Тој е докажан како голем љубител на животните, и поради тоа им ја поклонил својата куќа заедно со дворот, на Друштвото за заштита на животните „Спас„ од Краљево, која е одма претворена во азил. 

Човекот кој ја отстапи својата куќа, за да се направи азил за животни во Краљево. Неговата хумана мисија, треба сите ние да ја следиме.

„Тој е стварно душа од човек, но него ако го немаше, ние не ќе можевме ништо да направиме. Ни ја даде својата куќа, каде што ги сместивме животните од улица, потврди за српски курир Друштвото за заштита на животни од Краљево„.

Таа додаде и дека овој феноменален човек, во една од посетите од Србија, ги платил сите прегледи на животните во здружението.

„Еве неколку години наназад тој ни дава помош во негата за болните и напуштените животни, а исто така и на тие животни кои се малтретирани. Во неговата хумана мисија, спасени се животи на голем број кучиња, додаде Даниела„

Тој не помагаше само на кучињата од Краљево, туку веќе го посети еден азил од Белград и ја однесе својата донација за храна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести