Откако била примена во болница, нејзината состојба брзо се влошила.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 април, 2020 17:01

Чувајте место за некој помлад, јас имав убав живот- жена 90 години одбила да биде ставена на респиратор и починала

Фото/Текст извор: ©магазин.мк извор Курир.рс

Пред две недели Сузан Хојлертс (90) од Бинком, Белгија почна да чувствува тешко дишење. Го загуби апетитот. Таа завршила во болница, а потоа починала од КОВИД-19.

Откако била примена во болница, нејзината состојба брзо се влошила.

„Госпоѓо, сега ќе ве ставиме на респиратор, тој ќе ви го пумпа воздух во вашите бели дробови, така ќе ви биде полесно“, и рекоа лекарите.

Вчера здравствените власти на Белгија соопштија дека во последните 24 часа починале уште 98 лица од корона вирусот, а меѓу нив и 12-годиш но девојче.

Но, г-ѓа Хојлертс не сакала да слушне за тоа.

„Не сакам да ме ставите на респиратор чувајте го за некој помлад, јас имав добар живот“, одговорила таа.

Таа починала два дена подоцна.

„Не можев да се збогувам со неа. Не можев да ја видам и да ја слушнам. Не можам да одам на нејзиниот погреб“,  очајно изјавила нејзината ќерка Џудит.

Инаку вчера здравствените власти на Белгија соопштија дека во последните 24 часа починале уште 98 лица од корона вирусот, а меѓу нив и 12-годиш но девојче. Вкупно од почетокот на кризата во Белгија починале 705 лица од овој вирус, а 94 лица се префрлени на интензивна нега во последните 24 часа, вкупниот број на тешко болни сега изнесува 1.021 лица.

-Не сме на пикот, но сме на момент на инфлексија на кривата, тоа меѓутоа не значи дека кривата не може повторно да тргне нагоре доколку ги опуштиме нашите напори, предупреди вчера портпаролот на кризниот штаб за коронавирусот, Емануел Андре а пренесе дописничката на МИА од Брисел.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.