МВР изгуби голем професионалец, сите ние кои го познававме изгубивме вистински пријател, а неговото семејство го изгуби столбот, тој беше сопруг и татко на две деца.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 октомври, 2020 13:34

Чулев објави жална вест: Почина Игор Ангеловски-Гиле, МВР изгуби голем професионалец

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Починатиот Игор беше вработен во Министерството за внатрешни работи и за време на техничката Влада од екс министерот Чулев, беше назначен за Началник на Секторот за внатрешни работи во Велес.

Утрово со неверување ја примив веста дека синоќа на Инфективната клиника во Скопје починал Игор Ангеловски – Гиле.

Игор беше исклучително храбро и силно момче, спортист и полициски службеник во вистинска смисла на зборот.

Позади себе ја имаше поминато речиси цела хиерарска поставеност во полицијата. Беше чесен и одговорен човек кој ја сакаше својата работа и со целото свое срце беше посветен на работните обврски во Министерството за внатрешни работи, вели Чулев!

МВР изгуби голем професионалец, сите ние кои го познававме изгубивме вистински пријател, а неговото семејство го изгуби столбот, тој беше сопруг и татко на две деца.

Нема зборови со кои може да се долови тагата и болката од прераната загуба на младиот живот.

Почивај во мир Игор, напиша Чулев на социјалните мрежи!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam