Министерката на социјалните мрежи напиша дека и беше голема чест да го пречека принцот и дека оваа уникатна посета зборува за одличните односи меѓу Македонија и Велика Британија.

Објавил: admin@magazin | 15 мај, 2019 20:39

Шекеринска го пречека најмладиот син на Британската кралица Елизабета!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Министерката за Одбрана, Радмила Шеќеринска го пречека принц Едвард, најмладиот син на британската кралица Елизабета.

Министерката за Одбрана Радмила Шеќеринска на аеродромот во Скопје, го пречека најмладиот син на кралицата Елизабета, Едвард Earl of Wessex кој ќе престојува во дводневна посета на Македонија. Министерката на социјалните мрежи напиша дека и беше голема чест да го пречека принцот и дека оваа уникатна посета зборува за одличните односи меѓу Македонија и Велика Британија.

Министерката Радмила Шеќеринска на социјалните мрежи напиша дека и беше голема чест да го пречека принцот и дека оваа уникатна посета зборува за одличните односи меѓу Македонија и Велика Британија.

Ми беше чест да го пречекам Prince Edward, Earl of Wessex, најмладиот син на британската Кралица Елизабета. Уникатна посета која зборува за одличните односи меѓу 🇲🇰 и 🇬🇧.

Принцот Едвард, грофот од Весекс, ќе биде во посета на Македонија на 15 и 16 мај, најавија од британската амбасада во Скопје.

Тој во текот на посетата ќе биде запознаен со многу примери за помошта што Обединетото Кралство ја нуди за Македонија, во областа на ран детски развој и образование.

Принцот Едвард ќе оствари средба со македонскиот претседател Стево Пендаровски, а со премиерот Зоран Заев ќе присуствува на прием со Чивнинг стипендисти на британската влада, како и млади лидери и едукатори во Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести