Девојчето имало само 6 години, и е една од седумте туристи од Јужна Кореја кои загинаа синоќа во трагичната сообраќајка во која се судрија два брода.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 мај, 2019 16:11

Шестгодишно девојче е една од жртвите во несреќата во Будимпешта

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Малолетно девојче е една од жртвите од Јужна Кореја кои загинаа во судирот на два брода на Дунав во Будимпешта.

Девојчето имало само 6 години, и е една од седумте туристи од Јужна Кореја кои загинаа синоќа во трагичната сообраќајка во која се судрија два брода.

Ккао што пренесуваат тамошните медиуми, ниту еден од 32-та туристи на бродот кој потонал не носеле елеци за спасување, а информацијата ја потврдија и од јужнокорејското Министерство за надворешни работи, од каде изјавија дека во моментов се трага по 21 лице.

Екипа од 96 пожарникари трагала по исчезнатите

Бродот на кој се наоѓале 33 патници и двајца членови на екипаж потона кај мостот Маргарет, после судир со поголем туристички брод, кој го удрил со крмата.

На туристичкиот брод имало и двајца членови на екипаж од Унгарија. Бродот прво почнал да се полни со вода, а потоа се превртел и потонал, додека во Будимпешта беснеела силна бура.

Локалните медиуми јавија дека остатоци од бродот Сирена се пронајдени во коритото на реката по неколку часа пребарување во близина на мостот Маргарет, еден од главните мостови кои ги поврзуваат двата дела на унгарскиот главен град.

Екипа од 96 пожарникари трагала по преживеаните патници, со помош на бродовите паркирани од страна кои ја осветлиле реката со рефлектори, но се уште се трага по исчезнатите.

Портпаролот на компанијата во чија сопственост е бродот „Сирена“ соопшти дека немало никакви индикации дека бродот има проблеми.

„Не можеме да потврдиме зошто потона бродот, ова беше сосема обичен ден и ова е редовно патување. Немаше никакви назнаки дека вакво нешто може да се случи“, изјави портпаролот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести