Во изминатиот период владата посебно се посветила во нормализирање на состојбите во државата, и како што рече, се што било урнато се исправи на нозе.

Објавил: admin@magazin | 24 февруари, 2019 17:53

Шеќеринска: „Ние ја исправивме државата на нозе и сакаме побогати граѓани„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Потпретседателката на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска на трибината „Фер општество – Шанса за сите“ која денес се одржа во Битола рече дека владата обезбедила членство во НАТО и со голем напор се обезбедува и почеток на преговори со ЕУ.

Таа во своето денешно обраќање пред Битолчани рече дека НАТО не е стратешки успех за Македонија, туку претставувал брза патека за економијата, во земјата и со тоа ќе донесе бенефит, пред се за младите.

Членството ќе ги зголеми и во голем број инвестициите, и ќе обезбеди многу големи услови за отворање на повеќе работни места, а исто така и раст на платите за Македонските граѓани.

Министерката рече дека сакаат да бидат посиромашна влада на побогати граѓани и затоа ќе се фокусираат за подобро платени места во државата.

Министерката рече дека во изминатава година “Република Македонија” поминала низ сериозни внатрешни промени,  и дека за разлика од тогаш кога земјата била доживувана како проблем, сега  Македонија е безбедна земја, којашто е дел од големиот воен сојуз.

-Нашата цел беше тоа да го направиме брзо и притоа плаќаме голема цена, но политичката цена треба ја плаќаат политичарите и партиите, а не државата. Напротив, државата треба да профитира. Да се знае дека не може да дојде власта и да очекува аплаузи, туку да очекува и тешки прашања, да не бега од медиумите, да не ги плаши медиумите.

Ние сакаме да бидеме посиромашна Влада на побогати граѓани, и затоа политиката на пораст на платите, на создавање на подобро платени места ќе ни бидат главна политика, и кога ќе работиме за членството во НАТО, и кога лобираме кај земјите членки, нашиот фокус е подобар живот во нашата држава и верувајте, сега кога ја исправивме државата на нозе, ќе бидеме многу поефикасни во испорачувањето на услуги од кои зависи животот на секој граѓанин, изјави министерката. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести