Универзална е габарит кој што ги надминува правата на еден човек да одлучи за нејзината судбина, па макар тој човек да е градоначалникот на Скопје.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 јули, 2020 9:57

Шилегов за Слободен печат: Универзална сала нема да се руши!

Фото/Текст извор: ©Слободен печат

Универзалната сала како културно обележје на главниот град и како објект на современата македонска култура со кое јавноста има длабока емотивна конекција, деновиве е во центарот на вниманието откако беше објавен оглас за уредување на просторот околу неа. Во интејвју за Слободен Печат, првиот човек на град Скопје, Петре Шилегов открива кои се плановите за Универзална Сала.

 

 

 

Господине Шилегов, која е за вас најдобрата солуција за Универзална сала и како го гледате овој објект за пет години од денеска?

 

Универзална е габарит кој што ги надминува правата на еден човек да одлучи за нејзината судбина, па макар тој човек да е градоначалникот на Скопје. Токму заради тоа, иднината на Универзална е работа во која треба да се вклучи целокупната политичка и стручна јавност како и обичните граѓани. Универзална, освен што е концертна сала, има свое наследство кое според мене е наследство на формирањето на современата македонска култура. Таму се одржуваше Скопски фестивал, Џез фестивал, Златно славејче и безброј концертни настани и затоа мислам дека таа не е само симбол на градот Скопје туку и многу повеќе од тоа. Затоа и ги отвораме дебатите во јавноста. Во не така дамнешното минато, нас ни ги соопштуваа решенијата, а јас сакам да дојдеме до решение со општ консензус. А ако не постигнеме консензус, спремен сум дури и да ги поставиме можностите на референдумско прашање пред граѓаните. Но, прво мораме да ги разработиме можностите што се нудат. И тоа е дебатата која се одвива поинтензивно последната недела. Успеавме да ја вратиме Универзална во фокусот на вниманието што мислам дека е добра појдовна основа за да добиеме квалитетно решение на крај.

-Очигледно е дека јавноста сака постојниот објект да се реставрира. Затоа велам дека решението ќе излезе само по себе. Моето лично мислење е да имаме квалитетен мултифункционален објект на друга локација и да ја реставрираме Универзална сала која својата основна намена како концертна сала ќе си ја задржи, посочува Шилегов.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести