Родители и беа Алојз Хитлер и неговата втора жена Франциска Мачелсберг. Братот на Ангела Алојз јуниор е роден една година пред неа.

Објавил: Весна Петровска | 15 октомври, 2019 20:10

ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ ЗА ЖИВОТОТ НА ХИТЛЕР: Освен Ева, до самиот крај ја бранел и Ангела

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Освен Ева Браун, Ангела била единствената жена за која Адолф Хитлер бил подготвен да ја брани до самиот крај. Пораснале заедно и тогаш се создала цврстата врска меѓу братот и полусестрата, која кон нејзиниот брат се однесувала како мајка.

Ангела била постарата полусестра на Адолф Хитлер, родена на 28. јули 1883 година во Австро – Унгарија.

Родители и беа Алојз Хитлер и неговата втора жена Франциска Мачелсберг. Братот на Ангела Алојз јуниор е роден една година пред неа.

Кога Ангела имала две години нивната мајка починала од туберколоза, па таткото трет пат се оженил со Клара Полц 1885 година.

Подоцна во својата книга „Majn Kampf”, Хитлер пишувал дека неговото семејство живеело  мирен и хармоничен живот и дека родителите се грижеле за нив со безусловна љубов и нежност.

Сепак, постојат докази кои укажуваат сосема спортивно: Алојз Хитлер наводно, од децата барал апсолутна полсушност, а во дневникот на Ангела стои дека семејството било дисфункцционално и преполно со насилство.

Со Клара Алојз имал уште шест деца, а едни од нив кои го преживеале детството и тогашните смртоносни болести биле Адолф и неговата сестра Паула.

Паула во својот дневник запишала дека нејзиниот брат Адолф е токму како татко, редовно ја тепал:

– Повторно ја почуствував братската рака на својот образ, забележала таа во нејзиниот дневник на своја 8 годишна возраст.

Историчарите веруваат дека во домот на Хитлер преовладувал теророт.

Уште од раното детство  Англеа и Адолф имале посебен однос, покрај нејзиното верување дека малиот Адолф е размазен, која што и во тоа сама допринела. Иако му била само полусестра, за разлика од Паула, тој повеќе неа ја сакал.

Според психолозите, изгледа дека Ангела била „најнормалниот“ член на семејството Хитлер, а според извештаите таа била пристојна, чесна и грижлива личност.

Покрај нејзиното „славно“ презиме и како важна улога во животот на еден од најголемите злосторници во историјата, информации за нејзиниот живот тешко се наоѓаат.

Познато е дека била во брак со Лео Раубал кој бил даночник, а до венчавката дошло истата година кога им починал нивниот татко 1903. Заедно имале три деца, Лео Рудолф, Ангела Раубал и Елфрида Раубал. Станала вдовица и самохрана мајака во 1910 година, а нејзината улога за време на Првата Светска војна е нејасна. Според некои извори , дека во тоа време накратко изгубила контакт со братот Адолф.

Адолф, по Првата Светска војна се вратил во Минхен, и таму на свои 33 години станал водач на Националсоцијјалистичка партија. Што дури 10 години немале никаков контакт, Ангела му се јавила и затоа тој одлучил да ја посети во Виена.

Неколку години подоцна, 1924 година, ангела отишла да го посети кога завршил во затвор во Ландсберг. Адолф во 1928 година ја повикал Ангела и нејзините ќерки Анегла (Гели) и Елфрида (Фриди) да се преселат во неговата викендица на планина, во близина на Берхтесгаден, каде би работеле како домаќинки.

Во податоците не се спомнува синот на Ангела Лео, па останува нејасно каде тој тогаш бил.

Ангела набрзо ја презела „командата“ над целото домаќинство, а Гели која тпгаш имала 17 години пораснала во шармантна и убава девојка. Адлф од милост го викала „вујче Алфи“, тој бил магепсан од неа.

Обожавал да ја покажува во јавност, водејќи ја својата полувнука во кафеани, кина и на друштвени собиранки. И плаќал часови по музичко образование. Таа станала речиси славна ѕвезда во придружба на политичкиот моќник, чие влијание постојано растело.

По две години, Хитлер од Ангела барал да се преселат во неговиот голем дом, вила во Берхтесгаден, но од Гали барал да остане да живее со нив во неговиот луксузен апартман во Минхен.

Не е познато, дали таа тоа го прифатила по своја слободна волја или на некој начин била присилена, но во секој случај се одвоила од мајката и останала со Адолф, кој почнал да го контролира секој дел од нејзиниот живот.

Вистината за нивниот однос е голема мистерија, но според бројните гласнини во тоа време, тие двајца имале „забранета љубовна афера“, скандалозен сексуален живот и однос преполн со љубомора и посесивност.

Наводно Адолф бил луд од љубомора кога некој и се додворувал на неговата миченичка, додека Гели била љубоморна на вниманието кое секогаш го посветувал на Ева Браун, младата манекенка која ја вработил неговиот фотограф.

Ева набрзо станала „неговиот свет“, опсесија и потенцијално негов затвореник. Гели тогаш имала 23 години, со повредено его одлучила да отпатува за Виена и да се вери. Хтлер одбил да ја пушти.

Неколку дена подоцна, 19 септември, Гели е пронајдена мртва во својот стам.

Пронајдена е со куршум во главата, извршила самоубиство, никогаш немало истрага ниту обдукција, а кружеле гласнини дека е убиство.

По смртта на својата ќерка Ангела Хитлер сметала дека е во прашање убиство или самоубиство под присила. Директно не го обвинила Адолф, напротив инсистирала на тоа дела „ Адолф бил одлучен да се ожени со Гели“.

Бројните историчари токму за нејзината смрт го виделе моментот кога на Адолф Хитлер му „станало жал“, бидејќи неговата тага била длабока.

Ангела Хитлер продолжила да работи за својот полубрат кратко време по смрта на нејзината ќерка.

Таа, меѓутоа не го одобрувала односнот со неговата љубовница Ева Браун и веројатно од таа причина го нашуштила неговиот имот и се преселила во Дрезден.

Во 1936 година Ангела се омажила по втор пар, стнала Ангела Хамиш. Парот немал деца.

Адолф не го одобрувал тој брак и, и се обраќал само формално со „госпоѓо Хамиш“. Сепак, Ангела била единствена личност во сеемјството со која Адолф комуницирал за време на војната.

За природата на нивната врска во тоа време не се знае многу, но тоа е познато дека по бомбардирањето во Дрездан во 1945 година, Адолф ја наговорил Ангела да се пресели во Берхтесгаден, за да не се спаси од советското заробување.

Вториот сопруг на Ангела Хитлер починал во 1945 година, откако извршил самоубиство по поразот на Германија, оставајќи ја Ангела по втор пат вдовица.

 

Откако Адолф Хитлер извршил самоубиство, Ангела ја примала неговата месечна пензија, но не се знае дали некогаш видела нешто од тие пари.

Како и неговата помлада сестра Паула, Ангела го бранела Адолф. Инсистирала ни таа ни Адолф да не знаат ништо за холокаустот, останувајќи предана на својот сакан полубрат до самиот крај, кога на 30 ти октомври 1949 година во Хановер, претрпела мозочен удар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.