Кике Матеу е примен во Универзитетската клиничка болница во Валенсија со многу благи симптоми на заразата. Новинарот и се обрати на јавноста и вели дека се чувствува добро.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 февруари, 2020 0:09

Шпански новинар се заразил со коронавирусот- известувал од натпревар од Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Четириесет и четири годишниот шпански новинар, Кике Матеу денеска изјави дека се заразил од коронавирусот. Како што рече во своето јавно обраќање, во видео кое го постави на социјалните мрежи, тој се заразил на натпреварот од Лигата на шампионите кој минатата недела се одигра во Милано помеѓу Аталанта и Валенсија.

Како што пренесоа шпанските медиуми, новинарот бил позитивен на првиот тест во Мадрид.

Кике Матеу е примен во Универзитетската клиничка болница во Валенсија со многу благи симптоми на заразата. Новинарот и се обрати на јавноста и вели дека се чувствува добро.

-Се чувстувам добро. Најдобрата вест е дека никого не сум заразил. Ви благодарам на сите кои што ми се јавивте, Валенсија како клуб зашто сите загрижени за мене. Докторите ми рекоа дека овој вирус не е смртоносен, но е многу заразен, истакна Матеу.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.