Како што јавуваат од МВР, станува збор за исвесно лице К.К.(46) од Штип против кого и е поднесена кривична пријава за проневера во службата.

Објавил: Македонка Димкин | 22 февруари, 2019 19:40

Штипјанец украл 1,5 милиони денари од извршител, фејсбукачите пак „рацете да му се позлатат„!

Фото/Текст извор: ©мвр / магазин

Штипјанец украл близу 1,5 милиони денари од сметка на извршител, информирааат од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија

Како што јавуваат од МВР, станува збор за исвесно лице К.К.(46) од Штип против кого и е поднесена кривична пријава за проневера во службата.

Според полицијата, К.К. ги крадел парите од 11.01.2016 до 17.10.2018 година како административен работник кај извршител. Кражбата ја извршил така што од трансакциската сметка на друг извршител, со која располага неговиот работодавач, префрлил 1.425.956 денари на трансакциските сметки на шест лица, негови роднини.

Во Македонија веќе години наназад функционираат банкоматите од каде што секој кој поседува картичка и пин може да си подигне пари доколку има

После тоа, од банкомат со нивни платежни картички ги повелекувал паричните средства. По се изгледа добро разработена шема се додека не приметиле дека парите одат на непознати конта.

На социјалните мрежи веќе се прават вицеви за оваа кражба, дури некои одат дотаму што пишуваат,  „веднаш за претседател„, други пак „рацете да ти се позлатат, очигледно народот е гневен од начинот на кој извршителите ја извршуваат својата работа.

Владата на Зоран Заев пред изборите ветуваше дека ќе ги укине извршителите но наместо тоа тие во Септември минатата година излегоа со рафинирани законски исмени, така Заев се пофали дека освен кај нотарите и  постапката пред извршител, имала големо намалување на трошоците.

„На пример, налогот за извршување на трансакциска сметка  на физичко лице кое порано чинеше 20 евра, со новата тарифа ќе биде две евра за долгови до 1000 евра и се движи до шест евра за највисоките долгови. Наградите на извршителите исто така се намалени, со тоа што се става ограничување дека при извршување на платни налози за комунални трошоци, наградата не може да биде повеќе од 20 отсто од висината на главниот долг“, кажа  тогаш Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести