Новак Ѓоковиќ изјави дека спортот треба да биде надвор од политиката и тој ги сака сите земји од поранешната федерација.

Објавил: admin@magazin | 4 јануари, 2019 8:14

Ѓоковиќ : Македонците ги чуствувам како свои

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ е голем носталгичар, вели дека спортот треба да биде надвор од политиката и тој ги сака сите земји од поранешната федерација.

Новак Ѓоковиќ често знае да им даде поддршка на хрватските спортисти, а особено тоа беше нагласено за време на фудбалското Светско првенство во Русија кога отворено ги поддржа Модриќ, Ракитиќ и останатите.
Тој вели дека политиката треба да се тргне на страна, Хрватска, Македонија и Босна и Херцеговина ги гледа како свои.

Ѓоковиќ бил првиот српски тенисер кој победил на „гренд-слем“ турнир во поединечна категорија и најмладиот играч кој стигнал до полуфиналето на еден „гренд-слем“ тунир. Тој е еден од четирите играчи (заедно со Давид Налбандијан, Давид Ферер и Рафаел Надал) кој го победил Роџер Федерер трипати во една календарска година; еден од трите играчи (заедно со Налбандијан и Николај Давиденко) кој ги победил и Федерер и Надал во еден ист турнир; најмладиот играч од поновата ера кој ги победил трите најдобри тенисери еден по друг, кога во Роџерс-купот во 2007 година ги победил третиот, вториот и првиот тенисер во светот (Енди Родик, Рафаел Надал и Роџер Федерер, соодветно)

Свесен сум за политичката ситуација и знам дека раните од војната се свежи за многу луѓе. Се молам за сите кои се уште имаат последици од таа војна, но силно верувам дека спортот треба да биде надвор од политиката. Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина се нашите први соседи и јас ги гледам како свои. Знам дека многумина ќе бидат навредени од ова што го зборувам, но ги разбирам и нив и ги почитува, само го кажувам моето мислење“, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ освоил бронзен медал претставувајќи ја Србија на Олимписките игри во 2008 година, а во 2010 година ја предводел Србија до победата во Дејвис купот. Ѓоковиќ завршувал на третото место на табелата на АТП во четири последователни години, од 2007 до 2010 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис