Обединување на претседателските кандидат во ВМРО-ДПМНЕ

Објавил: Узунов Бобан | 20 февруари, 2019 17:40

Ѓорчев и Силјановска сплотени ќе го уриваат Заев

Фото/Текст извор: ©магазин

Многу корисен и пријателски разговор со Влатко Ѓорчев. Се договоривме да продолжиме да работиме заедно за Македонија, напиша кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на својот Фејсбук профил.

Инаку, по изборот на Гордана Силјановска Давкова за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев како еден од претендентите во оваа партиска трка истакна дека го поддржува изборот на конгресот и и` честиташе на професорката.

Средбата на пратеникот Влатко Ѓорчев со државниот секретар на САД Мајк Помпео. Ѓорчев водеше интензивна кампања за добивање на кандидатурата од ВМРО-ДПМНЕ за претседател. 

-Изборот беше демократски и фер. Изборната кампања ќе ја води изборен штаб на Силјановска, но тие може да сметаат на мојата помош, рече тогаш Ѓорчев.

Тој порача дека останува зад лидерот на партијата Христијан Мицкоски и ќе продолжи со досегашното темпо.

-Сплотено, заедно да ги победиме СДСМ, повика Ѓорчев.

Адутите на Влатко Ѓорчев беше тоа што беше перцепиран како човек кој долго време го гледаме на сцената, но и покрај тоа во неговата кариера не може да се пронајде ниту еден скандал и како еден од ретките политичари во Македонија со јасно изразена про-западна определба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести