Почитуван почесен конзул на Белорусија, г-н Борче Марковски (сопственик на "Марковски Компани" од Битола),
во прилог ви го доставувам линкот од настапот во Собранието во кој можете да го чуете моето прашање до Премиерот, а тоа е дали се точни информациите и наводите што ги пренесуваат медиумите дека на бизнисмен кој што добил тендер во РЕК Битола му бил побаран рекет од 250.000€.

Објавил: Весна Петровска | 26 јули, 2019 19:57

Јавен ДЕМАНТ на Милошоски преку медиумите до почесниот конзул на Белорусија во Македонија

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Пратеникот Антонио Милошески напиша демант до почесниот конзул на Белорусија во Македонија.

– Почитуван почесен конзул на Белорусија, г-н Борче Марковски (сопственик на “Марковски Компани” од Битола),
во прилог ви го доставувам линкот од настапот во Собранието во кој можете да го чуете моето прашање до Премиерот, а тоа е дали се точни информациите и наводите што ги пренесуваат медиумите дека на бизнисмен кој што добил тендер во РЕК Битола му бил побаран рекет од 250.000€. Доколку внимателно сте ја следеле седницата и сте ги следеле вестите пред почетокот на седницата тој ден, сигурно сте имале можност да забележите дека таквите наводи и информации беа пренесени од најмалку 5 медиуми, и е сосема легитимно за секој пратеник до Владата да постави прашање од јавен интерес дали тие медиумски наводи за барање на рекет на фирмите кои работат во РЕК Битола се точни.
Сепак, Вие сте одлучиле со известување во име на почесниот конзулат, без претходно да побарате информација од мене, без претходно јавно да реагирате до медиумите кои пренеле наводи за барање на рекет на фирми во РЕК Битола како тема од јавен интерес, да тврдите дека “од страна на пратеник се извадени лажни вести”, што не одговара на вистината и го сметам за навреда и клевета со која се нанесува штета на угледот во работата и извршувањето на моите обврски како пратеник. Дали Вие ќе полемизирате или ќе ги демантирате медиумите кои дојавуваат дека на приватни фирми им се бара рекет за тендери, не Ви се мешам, тоа е Ваша лична одлука и како почесен конзул, и како стопанственик “Марковски Компани”. Повеќе детали и објаснување на оваа тема ќе добиете на вашата официјална e-mail адреса од страна на мојот адвокат.
Во меѓувреме, согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, барам од Вас јавно повлекување на изјавата изнесена во известувањето од почесниот конзулат на Белорусија и јавно извинување во предвидениот законски рок од 48 часа. Согласно законот Ви предлагам повлекувањето на изјавата да го објавите извинувањето на ист начин и преку истите медиуми до кои сте го дистрибуирање Вашето известување од 26.07.2019 година. Во спротивно ќе ги превземам преостанатите законски можности за заштита на угледот како пратеник при вршењето на мојата службена должност да поставувам прашања за теми од јавен интерес, како што се корупцијата и барањето на рекет од фирми.
Со почит, Антонио Милошоски
пратеник во Собранието на Република Македонија
Прилог: видео линк од поставено пратеничко прашање на 25.07.2019 година.

 

Амбасадата на Белорусија се огласи по тврдењата на Милошоски

-Ниту во минатото, ниту сега до Амбасадата на Република Белорусија во Белград и до амбасадорот Валериј Брилјев, ниту во Почесниот конзулат на Република Белорусија во Република Северна Македонија во Скопје не се доставени жалби, исто така ниеден стопанственик што бил примен на разговор не се пожалил за никакви проблеми, од каква било природа и какви било размери, порачуваат од Почесниот конзулат во Скопје.

-На ден 25 јули 2019 година се извадени лажни вести од страна на пратеник на Собранието на Република Северна Македонија, Антонио Милошоски кои беа проследени во електронските медиуми. Сакаме да посочиме воедно и да потврдиме дека се што беше искажано се едноставно лажни вести, велат од Почесниот конзулат на Белорусија во Скопје.

Во моментов, додаваат, се приготвува нота од страна на Амбасадата на Република Белорусија во Република Србија до Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија за искажаните лажни вести.

Претникот Милошоски на вчерашната седница на Собранието на Република Северна Македонија посветена на пратенички прашања обвини дека во Кабинетот на премиерот Зоран Заев дошол белорускиот амбасадор во врска со случај во кој на бизнисмен од Битола, кој добил тендер да работи со РЕК Битола, му биле побарани 250 илјади евра. Тврдењето беше одбиено од премиерот Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести