Специјалната Јавна обвинителка, Јанева, доцна по почноќ, соопшти дека е задоволна од соработката со судот, и воедно најави дека "Империја" е последната истрага која ја отвора СЈО

Објавил: Мартин Попоски | 10 ноември, 2018 7:30

Јанева најави нови осомничени за истрагата “Империја”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

СЈО ќе ја проширува „Империја“ со нови осомничени и нови кривични дела, најави доцна синоќа Катица Јанева

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева доцна по полноќ околу 01:30 часот стигна во судот и за медиумите рече дека е задоволна од одлуката на судот.

Таа ги отфрли тврдењата на адвокатите кои сметаат дека истрагата Империја е водена надвор од надлежностите на СЈО.

Специјалната обвинителка оценила како последната отворена истрага на СЈО  е работена врз основа на законските овластувања и надлежностите на обвинителството и најави наскоро и обвинение за случајот.

Набргу ќе соопштиме дека истрагата за овој случај ќе биде проширена со нови лица , но и со нови кривични дела. – изјави специјалната обвинителката Катица Јанева.

Адвокатите на осомничените откако беше дознаена одлуката за притвор не коментираа за медиумите.

Петмината оосомничени повеќе од 12 часа беа во судот на распит по барањето за определување на мерка притвор.

отворена последната предистражна постапка на СЈО под кодно име “Империја”, на мета Камчеви и Сашо Мијалков

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести