Објавувањето на сите факти и докази кои ке бидат пласирани на нашите официјални страници се од исклучително важен јавен интерес и во интерес на вистината за кривично правниот предмет "Рекет" Како беше она парола...

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 јануари, 2020 11:48

Јасна Мандиќ: Објавите на 1ТВ на Фејсбук и Инстрагам не се од луѓе од телевизијата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото република.мк

Откако вчера на официјалната Фејсбук страма на 1тв, беше објавено дека во наредните неколку денови ке бидат објавени сите факти и докази зошто само Бојан Јовановски се наоѓа во ефективен притвор, иако се наоѓа во лоша и ризична здравствена состојба, и ќе бидат објавени сите медицински наоди и известувања од сите доктори, специјалисти и суб-специјалисти и нивните строги препораќи за негово лечење, денеска во изјава за Слободен печат Јасна Мандиќ рече дека таа не стои зад овие објави.

Објава на официјалната Фејсбук страна на 1ТВ

– Би сакала да нагласам дека зад овие објави не стојам јас, ниту било кој друг од луѓето што останавме во телевизијата. Фејсбук домејнот на 1ТВ е во сопственост на таткото на Бојан, Миле Јовановски, а логото на телевизијата е заштитено во Заводот за индустриска сопственост под името на Бојан Јовановски. Не би сакала луѓето да се идентификуваат со нас малкумина што останавме во телевизијата со тие објави. Навистина не знам кој ги пишува – вели во изјава за „Слободен печат“, Јасна Мандиќ, која се уште се води како директор на ТВ21.

Прашањето кое го поставуваме до надлежните кога ке ѓи процесуираат вистинските криминалци на обвинителна клупа? Дали надлежните мислат дека јавноста е слепа и глува?Дали надлежните мислат дека со спроведување на класична тортура кон Јовановски и неговото семејство ке го замолчат Јовановски и дека ке ја спречат вистината за “Рекет”?Објавувањето на сите факти и докази кои ке бидат пласирани на нашите официјални страници се од исклучително важен јавен интерес и во интерес на вистината за кривично правниот предмет “Рекет” Како беше она парола… “Нема правда, нема мир”
Место за “поштедени” на нашите официјални профили на згаснатата 1ТВ нема и нема да има “поштедени”, беше објавено вчера на официјалната страна на 1ТВ !!!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести