Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, за една година го смени ставот и побара од Европскиот парламент гаранции за проширување на унијата кон Балканот

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 септември, 2018 11:50

Јункер: ЕУ да дефинира „неотповиклив“ став за проширувањето кон Балканот

Фото/Текст извор: ©гугл.ком/магазин.мк

Во своето годишно обраќање пред Европскиот парламент за “Состојбата на Европската Унија”, претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, предупреди на надворешните влијанија на Балканот.

Мораме да го дефинираме на неотповиклив начин нашиот однос кон зачленувањето на земјите од Западниот Балкан, во спротивно други ќе го обликуваат нашето непосредно соседство, изјави Јункер во својот говор.

Јункер истакна дека досегашните проширувања на ЕУ ги оценува како успешни, но дека се уште “останува да се прават напори”, алудирајќи на проблемите со владеењето на правото во повеќе источноевропски земји, како Унгарија, Полска и Романија.

Минатата година првиот човек на Европската Комисија побара да му се пружа “кредибилна перспектива” на регионот на Западен Балкан.

Ако сакаме поголема стабилност во нашето соседство, тогаш мораме да одржиме кредибилна перспектива за проширувањата кон Западниот Балкан, рече Јункер.

Тој тогаш посочи дека е “јасно оти нема да има нови проширувања за време на мандатот на оваа комисија и парламент”, затоа што “ниту еден кандидат не подготвен”.

Денешниот говор на Јункер беше фокусиран на предизвиците со кои се соочува Европската Унија, но не ги формулираше сите предлози што беа очекувани, како на пример федерализација на пограничната полиција со цел справување со миграциските текови.

Тој сепак најави дека Европската Комисија ќе предложи зголемување на оваа служба на 10 илјади полицајци до 2020 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...