Како што се шпекулира во јавноста веќе подолго време партијата од Стојанче Ангелов „виси„ на стаклени нозе, и едвај составува крај со крај.

Објавил: admin@magazin | 14 март, 2019 5:52

Ќерамидите не помагаат. Стојанче со повици по бандери во градот бара спас за партијата

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Партијата ДОСТОИНСТВО предводена од Стојанче Ангелов повикува со плакати да го дадете својот потпис за поддршка на партијата Достоинство, бидејќи е пред распаѓање.

По социјалните мрежи се појавуваат плакати како висат на бандери во Штип, родното место на генералот Стојанче Ангелов, со тоа што тој повикува да се соберат 1000 потписи за спас на партијата, бидејќи е во распаѓање.

Тие однапред се заблагодаруваат на потписите кои ќе ги дадат луѓето.

Плакатите кои висат на бандерите во Штип, во родното место од генералот Стојанче Ангелов.

На плакатите кои висат на бандерите стои дека Генералот Стојанче Ангелов, ги повикува граѓаните да го дадат својот потпис како поддршка за партијата „Достоинство.„

Како што се шпекулира во јавноста веќе подолго време партијата од Стојанче Ангелов „виси„ на стаклени нозе, и едвај составува крај со крај.

Дали се точни овие наводи дека навистина мора да се соберат потписи за опстанок на партијата не знаеме, но она што е пренесено во јавноста е дека на партијата „Достоинство„ не и се предвидува светла иднина.

За Таа цел Вие треба да го дадете својот потпис како поддршка за Достоинство…со цел собирање 1000 потписи за продолжувајте на функционирање на партијата.

Однапред благодарни.
Партија Достоинство.

Партијата „Достоинство„ настанала и произлегла од истоименото здружение кое се залагало за правата на бранителите – учесници во Воениот конфликт во Македонија во 2001.

Овие заложби за правата на бранителите биле целосно преточени и во политичката програма и платформа на партијата, заедно со останатите заложби за Македонија и Македонците кои произлегуваат од патриотската родољубива („десничарска“) определба и ориентација што во прв ред подразбира спротивставување и одбрана од големоалбанскиот екстремизам и големодржавните националистички идеи на соседите, зачувување на името и прекин на преговорите со Грција.

Стојанче Ангелов е прв претседател на партијата „Достоинство“ и поранешен генерал-мајор на специјалните единици на македонската полиција.

Политичката партија „Достоинство“ самостојно настапила на предвремените парламентарни избори во 2011, при што Стојанче Ангелов бил носител на листа во изборната единица број 3.

За претседателските избори во 2014, Стојанче Ангелов прв ја најави својата кандидатура како независен кандидат за претседател на Македонија, но поради големите политички притисоци, закани и заплашувања на граѓаните кои го поддржуваат не успеа да ги собере потребните 10.000 потписи.

Стојанче Ангелов во своите јавни политички настапи застапува македонски патриотски ставови, особено во однос на заканите на големоалбанскиот шовинизам, а исто така се залага и за прекин на преговорите во спорот за името со Грција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести