Докторката била на скијање во Италија, ама пред неколку денови присуствувала на симпозиум во Рагуза.

Објавил: admin@magazin | 9 март, 2020 14:50

ЌЕ ЛЕТАТЕ ОД РАБОТА: Фрчеле закани за откази од Директорката со коронавирус, ја пријавиле колегите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Директорката на скопската Клиника за кожни болести, Нина Цаца-Биљановска кај која денеска беше потврдено дека е позитивна на коронавирусот уште минатиот понеделник од свои колеги била пријавена во министерството за здравство, дознава „Фокус“ од свои извори.

Докторката била на скијање во Италија, ама пред неколку денови присуствувала на симпозиум во Рагуза.

Откако се вратила, настанале конфликти на клиниката меѓу неа и нејзините колеги, кои упорно барале таа да се пријави, но наместо тоа, директорката им се заканувала со откази, ако некој го стори тоа.

Директорката на скопската Клиника за кожни болести, Нина Цаца-Биљановска кај која денеска беше потврдено дека е позитивна на коронавирусот уште минатиот понеделник од свои колеги била пријавена во министерството за здравство.

Поради непочитување на препораките, лекарка пред една седмица допатувала од Италија и е заразена со коронавирус, соопшти на денешната на вонредна прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Неодговорната директорка на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Билјановска е четвртиот потврден случај заболен од коронавирусот во Македонија, објави на денешната прес конференција Министерот за Здравство, Венко Филипче.

Тој изрази огромно разочарување во контекст на непочитување на препораките и апелите за задолжителната автоизолација после секое патување во ризичните региони.

„Дијагностициран е уште еден случај на пациентка позитивна на коронавирус. Нејзината состојба е стабилна со лесна клиничка форма, исто како и состојбата на двајцата сопружници претходно хоспитализирани.
Состојбата на првозаболената е практично целосно стабилизирана. Во текот на денешниот ден или утре ќе се направи контролниот тест, после што ќе се одлучи дали ќе биде пуштена од болница. Морам да кажам со огромно разочарување, во контекст на непочитувањето на препораките и апелите на задолжителната автоизолација, после секое патување во ризичните региони, ве информирам дека пациентката е жена наша колешка-лекар која пред една недела допатувала од Италија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...